ДЕДО (84) Е ИНСТАГРАМ ЅВЕЗДА! Му дозволил на внукот да го облекува, а сега го следат повеќе од 67 илјади луѓе! (ФОТО)

Printscreen Instagram

Младиот Јапонец Наоја Куди се вратил во својот дом за празниците и во вишокот слободно време се одлучил да направи мал експеримент со својот 84-годишен дедо Тетсуи.

Внукот почнал 84-годишниот дедо да го облекува во екстравагантни модни комбинации и да го запознава со високата мода.

Во исто време и го фотографирал, а тие фотографии со дедото во разни аутфити започнал да ги објавува онлајн.

Тетсуи набрзо станал вистинска Инстаграм ѕвезда. Внукот го фотографирал на полето и плажата во близина на нивниот семеен дом, па во училиштето каде Тетсиу претходно работел како професор по хемија, а едно време и како директор.

„Беше неочекувано ентузијастичен околу тоа. Дури ми предложуваше и каде би можеле да снимаме“, изјави Наоја.

„Членовите од нашето семејство полудеа кога го видоа во тие комбинации“, признава тој.

Инстаграм профилот кој Наоја го направил за својот дедо во моментот го следат повеќе од 67 илјади луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот