Дебакл на шампионката на Австралија Опен, на Мастерсот во Рим не освои ниту еден гем
Американската тенисерка Софија Кенин загуби со неверојатни 6:0,6:0 од Викторија Азаренка.
Викторија Азаренка која на штотуку завршниот УС Опен играше во финалето и загуби во три сета од Наоми Осака, својата одлична форма ја потврди и на Мастерсот во Рим.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Азаренка со неверојатни 6:0,6:0 ја елиминира победничката на првиот годинешен грен слем турнир, Австралија Опен, Софија Кенин, која моментно се наоѓа на петтото место на ВТА ранг листата.
За доминантната игра на Азаренка доволно говори и податокот дека не и дозволи ниту една брејк можност на противничката. Кенин во првиот сет немаше ниту гем топка дури и на свој сервис, додека тоа и појде од рака во вториот сет и тоа само пет пати.
Убедлив настап во Рим имаше и Британката Џоана Конта која со 6:0,6:4 ја совлада Романката Ирина Камелија Бегу. Конта во осминафиналето ќе игра против Гарбине Мугуруза која со 2:1 во сетови и тоа 7:6,3:6,6:3 ја победи тинејџерката Коко Гоф.


