Давид Гофан ја завршува кариерата на крајот од сезоната
Давид Гофан беше првиот белгиски тенисер кој стигна до првите 10 во светот. Тој го постигна овој подвиг кон крајот на ноември 2017 година, а денес, на 35-годишна возраст, како 156-ти играч на планетата, реши да се збогува.
Препорачано
„Ги поминав сите овие години на највисоко ниво, што конечно остави трага на моето тело. Повредата на коленото што ја претрпев минатата година одигра одлучувачка улога во мојата одлука да престанам“, нагласи Гофан и додаде:
„Му дадов сè на тенисот, а овој спорт ми даде многу повеќе отколку што можев да замислам: мечеви, победи и порази, емоции, луѓе кои ме следеа низ целото ова патување…“, заклучи Белгиецот.
Во својата досегашна кариера, Гофан освои шест АТП титули, а последниот трофеј го крена во 2022 година на турнирот во Маракеш.
Последната победа ја оствари кон крајот на октомври минатата година, кога го победи српскиот тенисер Хамад Меџедовиќ во првото коло од квалификациите за Мастерс турнирот во Париз.
Thanks for everything, David 🙏🇧🇪@David__Goffin pic.twitter.com/62NdsLvbX8
— Tennis TV (@TennisTV) March 27, 2026
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
15мин
-
31мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


