Данската премиерка Мете Фредриксен-ЕПА

Данска го бојкотира форумот во Давос

Данска реши да ги бојкотира активностите на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, во знак на протест поради, како што соопшти, нарушување на нејзиниот суверенитет во врска со прашањето за Гренланд, објави „СЕЕ њуз“.

Данското Министерство за надворешни работи соопшти дека администрацијата на Форумот во Давос испратила официјални покани до претставници и до компании од Гренланд да учествуваат како независен ентитет, што Копенхаген го смета за прекршување на воспоставените меѓународни норми.

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно – „Тоа е трајна стапица“

Министерството нагласи дека Гренланд е составен дел на Кралството Данска, додавајќи дека ваквите постапки на форумот претставуваат мешање во суверените работи на Данска и дека го поткопуваат меѓународно признатиот принцип на територијален интегритет и државно единство.

Одлуката, според данските власти, ја одразува растечката чувствителност околу прашањето за Гренланд во контекст на пошироките геополитички тензии, особено меѓу европските и американските позиции за Арктикот.

Мерц ќе се сретне со Трамп во Давос за да се избегнат „царински“ ескалации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот