Фото: phlebas.co

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно – „Тоа е трајна стапица“

За само неколку недели, Гренланд од периферна вест стана една од најважните теми во светските медиуми. „Најодговорен“ за ова е американскиот претседател Доналд Трамп, пишува хрватски Индекс.

Климатските промени, новите бродски рути, пристапот до критични суровини и безбедносната архитектура на НАТО го направија најголемиот остров во светот простор каде што се преклопуваат интересите на големите сили, регионалните актери и локалното население.

Но, желбата на Трамп да го присвои го претвори Гренланд во кризна точка што може да доведе до колапс на трансатлантската алијанса, а вчера Трамп отворено им се закани на сите земји што се против запленувањето на Гренланд.

На Трамп не му е јасно зошто Данска воопшто тврди какви било права врз Гренланд.

-Фактот дека тие се истоварија таму со брод пред 500 години не значи дека тие ја поседуваат земјата – рече тој.

„Правната легитимност на Данска денес е исклучително силна, што е реткост во арктичкиот простор“

Данскиот суверенитет над Гренланд не е резултат на класична колонијална доминација, туку на долг континуитет на дипломатски и правни одлуки.

Гренланд историски бил дел од данско-норвешката круна, а по 1814 година Данска ја задржала контролата врз островот, и покрај губењето на Норвешка. Суверенитетот на Данска бил дополнително потврден во 1933 година, кога Постојаниот арбитражен суд во Хаг ги отфрлил барањата на Норвешка за источен Гренланд.

Денес, Гренланд е составен дел од Кралството Данска, но ужива широка автономија, вклучувајќи го и сопствениот парламент, официјален јазик и контрола врз природните ресурси.

Островјаните на референдуми избрале да одржат однос со Данска, со поголема автономија, наместо целосна независност. Овој однос претставува геополитички компромис: Данска обезбедува безбедност и меѓународен статус, додека Гренланд ѝ обезбедува на Данска арктичко влијание и пристап до глобалните форуми.

Накратко, Данска управува со Гренланд затоа што е правно, политички и историски оправдано да го стори тоа, додека островјаните задржуваат значајна автономија и право на идна независност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот