Даниел Крејг откри зошто сака да излегува во геј барови

брус боци даниел крејг
Фото: Принтскрин / Instagram

За време на промоцијата на неговиот нов и последен Џејмс Бонд филм „No Time To Die“ во подкастот „Lunch With Bruce“ на Брус Боци, Даниел Крејг отворено раскажуваше за неговите излегувања и зошто преферира да посетува геј наместо стрејт барови, додека приготвуваше мартини.

Актерот зборуваше за тоа како кога бил дете не сакал да учевствува во кавги и тепачки, меѓутоа најчесто се случувало токму спротивното, па затоа одлучил дека подобро е да излегува во геј барови бидејќи, како што вели тој: „таму сите се опуштени, сите“.

„Излегувам во геј барови откако знам за себе. Една од причините е затоа што не влегувам во тепачки во геј барови толку често… поради агресивното мавтање со „машкоста“ во хетеро барови, ми се смачи од тоа“, раскажа Крејг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bruce Bozzi (@brucebozzi)

Даниел, кој е во брак со Рејчел Веис од 2011 година, продолжи објаснувајќи дека не се работи за типот на сексуалноста, и пред да се ожени токму во геј барови можел полесно да фати девојка.

„Не беше потребно да се декларира твојата сексуалност. Беше океј. И беше многу безбедно место каде да се биде. И можев да среќавам девојки таму, бидејќи има многу девојки таму, токму од истата причина. Тоа беше… дополнителен мотив“, призна Крејг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bruce Bozzi (@brucebozzi)

Во 2010 година се појавија гласини дека Даниел се бакнувал со маж додека бил излезен во геј бар во Калифорнија – се испостави дека човекот со кој бил излезен бил токму Боци.

„Одлично си поминувавме, бендот свиреше, и тогаш некој ме праша дали сум јас твојот менаџер, и јас гласно одговорив, „Како мислиш негов менаџер?!“, се присети Боци.

Крејг се надоврза дека иронијата во целата ситуација била што фактот дека се видени заедно веднаш се толкува како да се  „фатени на дело“, иако средбата била пријателска – разговарале за животот на 007 ѕвездата во тој период на „Casino Royale“ и како му се менувал животот, развивајќи се во ѕвезда.

Видео на денот