Фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Дани Алвеш остана во притвор, не успеа да собере пари за кауцијата

Иако судот пред два дена пресуди Дани Алвеш да се брани од слобода со кауција од еден милион евра, сепак Бразилецот остана во притвор најмалку до понеделник бидејќи не успеа да ја собере потребната сума.

Во средата судот во Барселона одлучи да му дозволи на Алвеш да му дозволи да се брани од слобода по испратената жалба од 40-годишниот фудбалер. Сепак, Алвеш заедно со своите застапници не успеале да ја обезбедат таа сума до петок во 14:00 часот по средноевропско време. Поради Алвеш и овој викенд ќе го помине во притвор и најрано би можел да биде ослободен во понеделник.

Алвеш веќе 14 месеци е зад решетки во затворот кој се наоѓа на 40-тина километри од Барселона. На 22-ри февруари Алвеш беше осуден на затворска казна од четири ипол години поради обвинение за силување од млада девојка. Според нејзината изјава настанот се случил ноќта помеѓу 30-ти и 31-ви декември 2022 година во ноќен клуб во Барселона.

Од почетокот на процесот Алвеш тврди дека е невин и дека интимниот однос бил на согласност на девојката. Обвинителството исто така не е задоволно пресудата бидејќи бараше затворска казна од девет години за Алвеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот