фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Дани Алвеш кој беше осуден за силување, со кауција од еден милион евра ќе биде пуштен на слобода

Судот во Барселона го ослободи Дани Алвеш, објави шпанскиот весник „Марка“. Бразилскиот фудбалер неодамна беше осуден на 4,5 години затвор за силување, но сега Судот одлучи да го ослободи со кауција од еден милион евра.

Еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот и поранешен бразилски репрезентативец во февруари беше осуден на 4,5 години, за силување девојка во ноќен клуб во Барселона.

Алвеш беше обвинет за сексуален напад во Барселона на 31 декември 2022 година, беше уапсен 20 дена подоцна, а потоа префрлен во истражен затвор.

Алвеш (40) во кариерата освои 42 титули и играше за УНАМ, Барселона, Сао Паоло, ПСЖ, Јувентус, Севиља и Баија.

За бразилската репрезентација одигра 126 натпревари и постигна осум гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот