Дали сме чекор поблиску до откривање на тајната за тоа како биле изградени пирамидите во древниот Египет?
Пирамидите во Гиза, симболи на древниот Египет, продолжуваат да ги откриваат своите тајни. Според истражувањето објавено во научното списание Communications Earth & Environment, д-р Еман Гонеим, египетско-американски геоморфолог, открила докази за постоење на одамна пресушен дел од реката Нил што можел да одигра клучна улога во транспортот на материјалите за изградба на пирамидите.
Препорачано
Според нејзината теорија, таканаречениот „Ахрамат огранок“ на Нил, долг 64 километри, ја поврзувал областа Гиза со други важни локации во древниот Египет, пишува LadBible.
„Големината на овој огранок и нејзината близина до пирамидите, заедно со фактот дека пристапните патишта до пирамидите завршуваат на неговиот брег, укажуваат на тоа дека бил активен во фазите на изградба на овие пирамиди“, напиша д-р Гонеим.
Возбудливо откритие
Истражувањето е спроведено со анализа на сателитски снимки со висока резолуција и радарски податоци, а овој огранок би можел да објасни зошто пирамидите се лоцирани во кластери во областа Гиза, што овозможува полесен транспорт и поврзување со други градови и населби.
И покрај возбудливото откритие, д-р Гонеим забележува дека сè уште не е можно целосно да се потврди дека огранокот бил активен во времето кога биле изградени пирамидите, но доказите сугерираат дека тоа е многу веројатно.
„Дури и без цврста потврда, пронајдените докази се сè уште неверојатно возбудливи“, рече таа.
Ова истражување се приклучува кон неодамнешните откритија во Египет, како што се скриените гробници и археолошките наоѓалишта во реката Нил кои продолжуваат да го осветлуваат животот и технологијата на древниот Египет, потврдувајќи ја фасцинантноста на овој историски период.


