Даф Мекеган откри: Слеш и јас бевме шампиони во пиење алкохол, но Шварценегер ни одржа лекција
Даф Мекеган од „Ганс енд роузис“ еднаш призна дека „не се напил чаша вода 12 години“. Во тој период, бендот беше познат по нивните прекумерни турнеи, кои беа обележани со користење на недозволени супстанции и алкохол, па дури и побарале и совет од Кит Ричардс од „Ролинг стоунс“ за тоа како да се ослободат од пороците.
Препорачано
Ричардс тврдеше дека Слеш може да испие премногу алкохол и дека на неговото лице не мжело да се забележи ништо. Мекеган имаше слична издржливост, пишува магзинот „ФарАут“.
Па затоа беа изненадени кога актерот Арнолд Шварценегер успеа да ги „следи“ во пиењето алкохол. Го запознаа додека работеа на песната „You Could Be Mine“ за филмот Терминатор 2, и набрзо завршија во неговата куќа.
„Слеш и јас можевме да го надминеме секого, но тој беше вистински предизвик“, се сеќава Мекејган.
Арнолд ја донел австриската верзија на многу силен алкохол, додека смеејќи се пцуеше, пушеше и им ги претставуваше сопругата и децата на семејството Кенеди.
„Тој беше неверојатно забавен – еден од најдобрите актери што некогаш сум ги сретнал“, рече Мекејган.
Иронично, токму човекот што успеа да ги надмине во алкохол требаше да го игра „добриот, ненасилен терминатор“, улога во врска за која, според режисерот Џејмс Камерон, тој на почетокот се двоумел. Сите знаеме што се случи потоа.


