Д-р Стојановиќ предупредува: Се појави нов симптом на коронавирусот, на кој никој досега не се жалеше

Доктор Александар Стојановиќ/ Фото: Принтскрин/ Курир телевизија

Сè поголем број пациенти со ковид се жалат на болки во грбот, рече д-р Александар Стојановиќ, директор на здравствениот дом „Палилула“, гостувајќи во утринската програма на телевизија „Курир“.

Ситуацијата е таква што мнозинството од заразените со ковид-19 немаат никакви симптоми. Кога ќе се појават првите знаци на вирусот, тие главно се благи и често тестот не ги открива, односно е негативен, а пациентот е всушност позитивен на ковид. Младите се заразуваат на ист начин како и постарите, но нивната клиничка слика е обично поблага од грипот и изгледа како обична настинка, иако не е. Се појавува благо зголемена температура, болка во грлото која трае ден-два. Експертите нè потсетуваат дека е важно да се тестираме, за себе, а и за другите.

На оваа тема за телевизија „Курир“ зборуваше д-р Александар Стојановиќ, директор на здравствениот дом „Палилула“.

– Еден од симптомите е болка во ‘рбетот, речиси секој втор, трет пациент од 40 години па нагоре, нема никакви тегоби и првпат се среќаваме со овие симптоми – рекол д-р Стојановиќ и додал:

– Овој сој е специфичен. Имате болки во ‘рбетот, немате температура, правите тест и позитивни сте. Имаме и заразени бебиња од еден месец, месец и пол. Има и тинејџери, тие тоа го преболуваат на нозе. Симптомите ќе бидат поблаги. Но возрасните се позагрозени – истакнал д-р Стојановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот