Д-р Несторовиќ: И да умрат 600 луѓе во Србија тоа е добар резултат, Македонија на два милиони жители има 200 починати досега

Фото: Принтскрин

Д-р Бранислав Несторовиќ од Србија кој досега за време на епидемијата на коронавирусот и пред неа имаше неколку шокантни изјави, оцени дека вирусот „сега е релативно ослабен“ бидејќи има помал процент на тешко заболени пациенти. Тој вели дека и да умрат 600 луѓе тоа е добар резултат.

Тој за српски Телеграф рекол дека постојат луѓе кои се отпорни на коронавирусот, заради што според најновите истражувања на кои се повикал, потребен е помал процент на инфицирани за стекнување на колективен имунитет, отколку што првично се верувало.

„Ако треба да се разболите, најдобро е сега да се разболите кога вирусот е релативно слаб. Сега има многу помал проценти на тешко заболени пациенти“, вели Несторовиќ.

Експертот на Вучиќ кој го исмеваше коронавирусот: Одеднаш станав дебил и кретен (ВИДЕО)

За информациите за наводно лажирани податоци за бројот на починати од коронавирус рекол дека за официјалните податоци се одговорни лекарите кои го водат случајот, па според неговото мислење оцената за фалсификување на податоците е несериозна.

„Истите обвинувања во Америка се изнесуваат на сметка на лекарите на Трамп, потполно истата приказна. На крајот на баладата, па и да умрат 600 луѓе, тоа е добар резултат. Шведска има 6.000 починати, Холандија 11.000, тоа се земји со наша големина. И да имало 600, тоа е признание за здравствениот систем. Тоа не е за плукање, таков податок би бил респектабилен. Македонија на два милиони жители има 200 починати досега“, заклучил тој.

Несторовиќ повторно шокира: Се враќаме во нормала, се случуваат убиства како во старите добри времиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот