Несторовиќ повторно шокира: Се враќаме во нормала, се случуваат убиства како во старите добри времиња

Српскиот доктор Бранимир Несторовиќ кој неколку пати ја шокираше српската јавност со неговите изјави, гостувајќи во Пинк враќањето на земјата во нормала го поврза со враќањето на криминалот.

„Нема поента и понатаму да се ограничуваат луѓето, мислам дека тоа сега би било и невозможно, тоа е мое лично мислење“, рече Несторовиќ.

Докторот смета дека би имало побуна ако повторно почнат ограничувањата и дека повеќето од луѓето психички ја поминале епидемијата.

„Гледајте ги вестите, сега се случуваат убиства како во старите добри времиња. Убиство, насилство, сега ќе почнат и грабежите на банките. Се враќаме во нормала. Луѓето не сакаат веќе да слушаат за тоа, тоа е нормален механизам“, рече Несторовиќ, пренесува Телеграф.

Балканот слушна за д-р Несторовиќ на 27 февруари, кога го нарече новиот коронавирус „најсмешниот вирус во историјата на човештвото кој постои само на Фејсбук“, а жените ги советуваше да одат во Милано на шопинг, бидејќи ги „штити естрогенот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот