Експертот на Вучиќ кој го исмеваше коронавирусот: Одеднаш станав дебил и кретен (ВИДЕО)

Пред повеќе од еден месец цела Србија и пошироко го запознаа д-р Бранимир Несторовиќ.

Несторовиќ на 27 февруари, додека коронавирусот започна да се шири во Европа, како експерт се појави на прес-конеференција на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во Србија тогаш немаше заразени, па прес-коференцијата помина во расположена состојба, каде д-р Несторовиќ кажуваше шеги за коронавирусот, што освен него го смееја и претседателот Вучиќ.

Д-р Несторовиќ исто така го нарече коронавирусот „најсмешниот вирус во историјата на човештвото кој постои само на Фејсбук“, а жените ги советуваше да одат во Милано на шопинг, бидејќи ги штити естрогенот.

Србија сега има 2.200 потврдени случаи на коронавирус и 58 мртви, па на Вучиќ не му е веќе смешно, а ниту пак на Несторовиќ.

Несторовиќ така гостувајќи на телевизијата Хепи проба да ја објасни својата изјава за „најсмешниот вирус во историјата на човештвото“.

Оправдувањето на експертот на Вучиќ

Тој рекол дека тоа била „многу намерна шега“ која требала да ги смири луѓето и дека реакциите воопшто не го погодуваат бидејќи секој ден шета по улиците и се ракува со луѓето.

„Знаете зошто тоа не ме загрижува? Бидејќи јас секој ден се шетам низ Белград и Обреновац. Секој ден. И се ракувам со луѓето. Луѓето се воодушевени, верувајте ми на зборовите“, рекол д-р Несторовиќ.

Рекол дека е ментор за инфективни болести, педијатрија, неврологија, алергологија, пулмологија, фармакологија, спортска медицина и дека сето тоа може да се провери на факултетот и дека напишал многу книги и работни трудови.

„Одеднаш станав дебил и кретен. Не треба да ме бранат, јас ја затворив ординацијата, вие не можете да верувате каква навалица имаше. Луѓето доаѓаат, бараат помош од оној за кого мислат дека е стручен. Мојата стручност не може да ја проценуваат тие луѓе, мојата стручност се проценува на други места“, дополни тој.

За разлика од февруари кога коронавирусот го нарече најсмешен вирус, сега го нарече војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот