Д-р Митов: Во Европа вирусот многу брзо се враќа доколку конците се испуштат од контрола (ВИДЕО)

Имаше очекувања од релевантни експерти дека топлото време би ни помогнало. И тоа не беше лаички став. Но, се испостави дека тоа не е така. Пролетта силно е напредната и во сите земји во северната хемисфера имавме зголемен раст и на температурите и на бројката на заболени. СЗО имаше изјава дека минатата недела имаше рекорд на заболени на светско ниво, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ д-р Александар Митов.

Вирусот се враќа во Европа, па според потребите се прилагодуваат и начините на лекувања.

-Сметам дека треба да прифатиме дека многу работи не знаеме, дека многу работи ќе се сменат, и најголемите светските научници се со став дека треба да се биде претпазлив и да видиме што ќе се случи. Во Европа вирусот многу брзо се враќа, доколку конците се испуштат од контрола. За експертите е карактеристично дека при евентуална промена на доказите, би дошло до евентуално менување на ставот. Тие луѓе носат одлуки исклучиво на научни студии од различни земји. Како се следи однесување така и се прават промените.

Она што за јавноста како порака би го пратил е дека сите медицински препораки и начини за лекување периодично се менуваат. Ние имаме и како обврска да ја следиме таа редовна динамика на менување на лекувањето. Тоа не треба никого премногу да го чуди, вели д-р Митов.

Проследете го целото гостување на д-р Александар Митов во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот