Д-р Костов за инцидентот пред ГОБ 8 Септември: Жената била на респиратор со денови, семејството беше агресивно

ГОБ „8ми Сепмтеври“ Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Директорот на ГОБ 8 Септември доктор Христијан Костов во изјава за ,,Слободен печат” потврдува дека вечерва околу 19 часот, десетина членови на семејството на почината пациентка на возраст од 60 години, се собрале пред болничката зграда и агресивно се однесувале барајќи да го земат кадаверот наспроти болничките протоколи кои налагаат посебна процедура.

Според протоколот кога човек ќе почине во 8 Септември, мора телото да остане во просторија час и половоина, а потоа да дојде погребалното претпријатие и со посебна опрема да го однесе телото.

Тој тврди дека оружје не било инволвирано, а дека обезбедувањето на болницата веднаш повикало полиција.

-Луѓето чекале надвор. Се работи за 60 годишна жена која 5 дена била на респиратор. Сакале да го земат лешот, но не може тоа да се дозволи бидејќи била позитивна на Ковид 19. По протокол од Бутел доаѓаат во скафандери, со посебна опрема. Имало групирање и нашето обезбедување викнало полиција. Членовите на семејството биле агресивни и се заканувале. Имаме такви инциденти постојано. Ни ги носат в болница во многу тешка состојба, со сатурација 20, едвај дишат не можат да земат воздух. Во случајов барале да ја земат пациентката од болницата, но со заразен леш тоа не смее да се дозволи. Имаме протокол според кој АД Бутел со своја опрема го носи на патоанатомија телото откако претходно ќе биде напишана упатница за на патоанатомски институт, изјави директорот за ,,Слободен печат”.

Тој додаде дека моментално ковид центарот во ГОБ 8 Септември има проблем со истоштениот медицински персонал кој 3 ипол месеци деноноќно работи и вакви инциденти само ја влошуваат и онака тешката состојба.

-Имаме 140 позитивни пациенти, 100 на кислород, 12 на респиратор. Синоќа примивме 18 нови. Доцна доаѓаат, некои мораме веднаш да ги реанимираме веднаш после приемот, зашто сатурацијата им е 20, едвај дишат, те чекаат да им помогнеш, се гушат. Во ситуацијата денеска со семејството, тие биле лути што починала мајката. Пред неколку дена имавме случај кога семејство ни бараше веднаш да го отпишеме пацентот и да си ја испишат жената, да ја земат дома. И потоа пациентката почина. Имаме уште 100 слободни кревети, ама персоналот е преморен веќе 3 ипол месеци се бориме со пандемијата, ни рече докторот.

Досега во 8 Септември со крвна плазма се третирани 10 пациенти а со озонска терапија 30. Костов тврди дека досега се покажува оти озонската терапија дава резултати кај оние со средна клиничка слика, а плазмата за некои помага, а за некои не.

Вооружен инцидент пред ГОБ „8 Септември“, МВР врши увид на лице место (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот