„Црната вдовица“ сакала да биде прашана: Откако го уби сопругот, не ѝ се допаѓа што нејзиниот лик ќе го толкува „непристојната“ Лејди Гага

Фото: Профимедиа

Снимањето на филмот кој ќе се базира врз вистински настан, за познатото убиство на првиот човек на брендот „Гучи“ (Gucci), ги возбуди страстите во светот.

Имено, наследничката која го наредила убиството на сопругот остро ја критикуваше Лејди Гага поради тоа што не сакала да ја запознае пред да се обиде да го долови нејзиниот лик на филмското платно.

Патриција Реџани, италијанската наследничка која го нареди убиството на нејзиниот сопруг, ја критикуваше Лејди Гага поради тоа што немала, како што вели таа, „ниту трошка здрав разум и почитување“ да се запознае со неа пред да ја претстави во филмот „Куќата Гучи“.

Фото: Профимедиа

Во крими филмот на Ридли Скот главната улога, улогата на поранешната сопруга на Маурицио Гучи, човекот кој во осумдесеттите беше на чело на познатата модна куќа „Гучи“ (Адам Драјвер), ја толкува Лејди Гага.

Реџани во 1998-та година е осудена за нарачување на убиството на својот поранешен сопруг. Таа беше осудена на 29 години затвор, но по жалбата која ја поднесе казната ѝ беше намалена на 26 години. Таа е ослободена во 2016 година, а истата година за „The Observer“ изјави: „Мислам дека сум многу силна личност бидејќи ги преживеав сите овие години во заробеништво. Многу спиев. Ги одгледував своите билки. Внимавав на Бамби, моето милениче…“

На истата тема тогаш додаде: „Воопшто не сакам за зборувам за тоа време. Сето тоа ми е како еден грозен сон“.

Денес Реџани за Лејди Гага која ќе ја глуми неа изјави:

„Ме нервира фактот што Лејди Гага ме прикажува во новиот филм на Ридли Скот, а таа немаше ниту малку љубезност и почитување да дојде и да ме запознае, да ме праша за мислење…“.

Фото: Профимедиа

Реџани (72) додаде: „Тоа нема никаква врска со парите, бидејќи јас нема да земам ниту цент од филмот. Се работи за здравиот разум и за почитувањето. Верувам дека секој добар актер би требало да се запознае со личноста која ќе ја игра во филмот. Мислам дека не е во ред што не ме контактираа. А сето ова го изјавувам со сите мои симпатии и почит кои ги имам кон неа“.

Фото: Профимедиа

Филмот би требало да се најде во кино-салите во ноември 2021 година, а во останатите улоги ќе се најдат и Џереми Ајронс, Ал Пачино, Џек Хјустон и Џерад Лето.

Филмот е заснован на книгата „Куќата Гучи: Сензационална приказна за убиството, лудилото, гламурот и алчноста“ на Сара Гаи Форден од 2012 година.

Појавата на филмот симболично се поклопува со одбележувањето на 100 години од создавањето на модната куќа „Гучи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот