ЦЕВ Челинџ куп: Кипрани за Џио Струмица, Вардар против Камник

фото: facebook.com/okgiostrumica

Денеска преку ждрепка се дознаа паровите од 1/16 финалето во машкиот одбојкарски ЦЕВ Челинџ куп, а во истата учествуваа две македонски екипи.

Омонија Никозија од Кипар е противникот на Џио Стримица со која ќе ги одмери силите, нашиот претставник е домаќин на првиот натпревар, а реваншот ќе се игра на гостински терен.

ОК Вардар Скопје за ривал го доби словенечкиот состав на Калцит Волеј Камник. Првите дуели ќе се играат од 8-10 октомври, а возвратните пресметки до 13-15 октомври 2020 година.

И во женска конкуренција нашата земја има свој претставник, одбојкарките на Вардар Жени 2019 во првата елиминациска рунда од ЦЕВ Челинџ купот ќе игра против финската екипа на Хаменлина.

фото: принтскрин/YouTube/European Volleyball
фото: принтскрин/YouTube/European Volleyball

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот