Цената на нафтата стабилна и покрај растот на инфекции од корона вирусот

Северноморската нафта „Брент“ се лизна за четири центи или 0,1 отсто и се продаваше по цена од 40,98 долари за барел.

Цената на „црното злато“ за време на денешното тргување остана стабилна како резултат на се подобрите економски податоци од разни делови во светот.

Сепак таа и понатаму останува под притисок од наглиот раст на заразата од корона вирусот на глобално ниво, кој примора некои од земјите да воведат делумни рестриктивни мерки.

Северноморската нафта „Брент“ се лизна за четири центи или 0,1 отсто и се продаваше по цена од 40,98 долари за барел, додека американската сурова нафта „ВТИ“ зајакна за седум центи или 0,2 отсто и при денешното тргување се продаваше по цена од 38,56 долари за барел пренесува „Ројтерс“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот