Циципас елиминиран, Швјонтек лесно до осминафиналето во Мадрид

Стефанос Циципас/фото: EPA-EFE/SERGIO PEREZ

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас денеска не успеа да се пласира во третото коло на Мастерс турнирот во Мадрид, откако загуби од Бразилецот Тиаго Монтеиро со 4:6, 4:6.

Моментално 118 тенисер направи по еден брејк во двата сета и тоа му беше доволно за победа против седмиот на АТП листата по еден час и 37 минути.

Монтеиро во следното коло ќе игра против подобриот од мечот Хамад Маџедовиќ – Јиржи Лехечка.

Пласман во третото коло обезбеди и Американецот Себастијан Корда кој со 6:3, 6:3 беше подобар од Австралиецот Макс Персел. Негов следен ривал ќе биде победникот од дуелот меѓу Данил Медведев и Матео Арналди.

Најдобрата светска тенисерка, Ига Швјонтек од Полска се пласираше во осминафиналето на турнирот во Мадрид, откако со 6:1, 6:1 ја совлада Романката Сорана Кирстеа.

Швјонтек за еден час и 18 минути игра славеше против 30 тенисер во светот. Таа во осминафиналето ќе игра против победничката од мечот меѓу Викторија Азаренка и Сара Сорибес Тормо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот