Чорба од лук, ем вкусна ем најдобар антибиотик

Да не ги набројуваме добрите страни на лукот, а за вкусот на оваа чорба, ммм… 

Специјалитетот чорба од лук на голема врата се врати во мода, заедно со фосирањето на здрав живот. Мааната е во тоа што ако само еднаш ја пробате, толку ќе ја засакате што ќе стане неизбежен дел од вашето неделно мени. Подготвени сте за таков „ризик“?

Ако сте „за“ ( а ние дефинитивно, сме), фатете се за здрава работа.

Потребно ви е– 500 мл пилешка супа, 750 милилитри вода со врзоп за супа, 30 грама путер, 24 чешниња лук, 5 грама рендано морско оревче, 3 јајца, 6 кришки бајат леб, 2 лажици маслиново масло, сол, мелен црн пипер.

Подготовка

Ставете ја водата со врзопот за супа да зоврие, па додадете ја пилешката супа. На тивок оган динстајте го лукот на растопениот путер, додека стане стаклест, па додадете ја супата.

Посолете, зачинете со мелениот црн пипер и морското оревче, па варете 15 минути. Измиксајте ја смесата во блендер. Кришките леб потопете ги во изматени белки и испечете ги во рерна.

Изматете ги жолчките со маслиновото масло и додадете ги во чорбата, непрекинато мешајќи. Вратете ја чорбата на оган да се загрее, но внимавајте да не зоврие. Испечените кришки леб ставете ги во чорбалак и прелијте ги со чорбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот