Фото: EPA/SERGEI ILNITSKY

Чои Гаон на 17 години испиша историја на Зимските олимписки игри

Зимските олимписки игри носат многу изненадувања, уште една сензација доаѓа од светот на сноубордингот. Станува збор за младата 17-годишна тинејџерка Чои Гаон.

Гаон доаѓа од Јужна Кореја и се натпреварува во дисциплината сноубординг халфпајп. Во четвртокот, таа го освои златниот медал во таа дисциплина, победувајќи ја фаворитката Клои Ким. Ова е прв медал за Гаон на големо натпреварување.

Со само 17 години и 110 дена, таа стана најмладата олимписка победничка во историјата на спортот.

Освен што го собори тој рекорд, таа стана и првата Јужнокорејка што освои медал во зимски спорт под знамето на Јужна Кореја.

Чои веќе има доста успеси во сноубордингот, освојувајќи три светски шампионски титули во халфпајп. Со само 15 години, таа се натпреваруваше за прв пат на Светското првенство за сениори во Купер Маунтин, каде што го освои златото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот