Чи(ј)а си, на кого здравје ти му носиш? – прочитајте повеќе за чиа семето

чиа семе
чиа семе/ Magone / Alamy / Alamy / Profimedia

До неодамна беа и речиси непозната намирница, а да кажевте дека јадете чиа семки, веројатно луѓето ќе ве гледаа зачудено. Денес, речиси и да не може да се пропушти ова „црно злато“, особено во смутиња, граноли, во крекери, јогурти…

Чиа семките се синоним за здрава храна, брз, а хранлив оброк, но и не баш популарен вкус. Имено, кога би направиле чиа пудинг само од чиа семки и млеко – нема да има никаков вкус. Ова го знам со сигурност, затоа што првиот пат кога правев чиа пудинг за ќерка ми, се чудев зошто го плука. Па… Претпоставувате зошто. Затоа што чиата сама по себе, си бара „друштво“. Овошје, мед, што ви душа сака.

чиа пудинг
чиа пудинг/printscreen/youtube

Самата по себе, чиата апсорбира речиси 12 пати повеќе течност од својата тежина, па затоа е добра основа за пудинг. Денес ја вместуваме во категоријата на суперхрана, а радосен факт е дека во исхраната може да биде вклучена на различен начин, и да не стане здодевна. Ако досега не сте пробале чиа, ќе ви предложиме еден едноставен рецепт за чиа пудинг.

Но, прво да приложиме малку факти.

Луѓето конзумираат чиа семки илјадници години.  Нејзината билка расте близу екваторот, во близина на Мексико, Боливија, Еквадор. Маите и Ацтеките ја вклучувале во својата исхрана па и во напитоци уште пред да биде позната како сега. Во составот на чиа семето има многу хранливи состојки. Една лажица од нив има 5 грама омега -3 масни киселини, кои освен преку риба, немаме некој преголем избор од каде би ја внеле оваа важна состојка. Oсвен омега киселината, чиата содржи протеини и калциум.

А сега, рецепт

За да направите брз, едноставен и вкусен оброк за вечера, ви предлагаме чиа – пудинг.

Потребни состојки:

  • 3 лажици чиа семе
  • 200 мл млеко (можете кравјо, кокосово, бадемово)
  • 1 банана
  • 1 рака црвено овошје
  • капка ванила
  • кокосово брашно

Подготовка:

Во чинија ставете го чиа семето и потопете го со млекото. Додајте капка ванила и промешајте. Оставете барем 1 час да стои и да набабри, најдобро во фрижидер. Потоа, откако ќе стане како пудинг, насечкајте ја бананата и додадете го црвеното овошје по избор. Промешајте, наросете кокосово брашно и – бон апетит.

Брзо, здраво и лесно. Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот