Често го занемаруваме: Тивок симптом на рак што можете да го забележите кога нанесувате дезодоранс

дезодоранс и антиперспирант
Фото Профимедиа

Еден од најчестите знаци на рак на дојка е појавата на грутка, но лекарите всушност наведуваат дека постојат уште неколку други знаци освен промените на дојката кои би можеле да бидат показател за овој вид на рак.

Според организацијата за превенција на болести „НХС хелт чек“ (NHS Health check), еден тивок симптом на рак на дојка може да се забележи додека нанесувате дезодоранс. Грутка или болка во пределот на вашата пазува може да биде знак дека имате ваков вид на рак. Тоа е затоа што ткивото на дојката понекогаш стигнува и до пределот на пазувите.

Освен тоа, грутка може да значи дека ракот на дојката се проширил на лимфните јазли во вашата пазува.

Исто така, треба да обрнете внимание и на други симптоми како што се сува кашлица, силни главоболки и неочекувано слабеење.

Докторката Зои Вилијамс истакнува дека раната дијагноза на ракот на дојката може да направи голема разлика, односно кога болеста се лекува во најрана фаза, шансите за преживување се над 98 отсто.

Затоа д-р Вилијамс наведува дека е важно редовно да се прави самопреглед на дојката, а поттикнува и на редовни контроли во здравствените установи, каде со мамографија ќе се утврди дали имате рак на дојка. Ова е особено важно за оние чии членови на семејството исто така боледувале од рак.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот