Чаневски: Дадов сè од себе, растат амбициите на Е. Пелистер!

принтскрин

Како што е веќе познато, РК Е. Пелистер со церемонија пред почетокот на натпреварот против Охриди свечени подароци го испрати својот капитен, голманот Градимир Чаневски.

Досегашниот член на битолскиот клуб заминува на истек на договорот и слободен да ја избере својата иднина.

– Благодарен сум на клубот за шансата овие пет години да бидам тука. Мислам дека обострано беше задоволството – мислам дека и јас возвратив, како што тие што многу ми пружија. Сакам да се заблагодарам на публиката, ни недостигаше оваа година. Немам зборови и многу сум задоволен од прикажаното. Дадов сè од себе да се покажеме во најдобро светло.

Амбициите на клубот растат. Имаше турболентни периоди во овие години. Во еден период бевме втор клуб во Битола, се изборивме да бидеме заедно и веќе овој проект е многу сериозен. Му посакувам многу успеси на Еурофарм Пелистер во иднина.

Мислам дека имавме успешна сезона, со мал пад пред осминафиналето на Европската лига и натпреварот против Вардар. Ни дојдоа и повредите во тој период. Цел ни беше да ја минеме групата во Европската лига, го сторивме тоа. Наидовме на посилен противник во осминафиналето и потоа заслужено испаднавме. Во СЕХА лигата сме во четвртфиналето и имаме што да кажеме таму во август. Во шампионатот одигравме еден слаб натпревар во Скопје против Вардар и тој исход го реши шампионот – вели Чаневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот