Царовска: Извидничкиот камп никако не е поврзан ниту со МОН ниту со Бирото за развој на образованието
Извидничкиот камп никако не е поврзан ниту со Министерството за образование, ниту со Бирото за развој на образованието, ниту следел програми кои што се пилот-фаза од Бирото за развој на образование, изјави денеска министерката за образование, Мила Царовска.
Препорачано
На прашање како овој случај ќе влијае на процесот на сексуално образование и дали можеби ќе се појави недоверба кај родителите, министерката посочи дека од него се оградија и ХЕРА и Фондација „Отворено општество”, и Градот Скопје, што, како што рече, укажува на тоа дека никако тоа не е поврзано со сексуално образование.
– Сексуално образование како пилот-фаза се случува во четири училишта. Таму искуствата на Бирото за развој на образование со 14-те наставника кои што го спроведуваат засега е одлично, дава позитивен фидбек од страна на учениците, родителите и наставниците и очекуваме кога ќе заврши целата таа пилот-фаза, во тек е истражувањето за тоа какви се постигнувањата, ќе бидат јавно достапни постигнувањата и понатаму ќе се одлучува што со тој предмет, изјави Царовска.
Дополни дека е важно дека во содржините на сексуално образование имаме недискриминација, почитување, родова рамноправност, или еднакви улоги на мажите и жените, можност и очекувања од момчињата и девојчињата во училиштето, ненасилство, што, како што кажа, укажува дека сексуалното образование е превенција од сите типови насилство кои што може на учениците да им се случат, но, исто така, и ученици кои што од незнаење може да предизвикаат трауми и насилство врз други ученици и нивните пријатели.
– Сето тоа е во програмата која што е пилот за сексуално образование и никако не е поврзана со извидничкиот камп или методите и техниките коишто ги користеле. Затоа, велам, ако е нешто во формален систем, ако е поминато низ Бирото за развој на образование тогаш ги содржи компонентите препорачани од УНЕСКО, од СЗО, од УНИЦЕФ, кои што се значајни за развојот на нашето образование сите тие препораки навистина треба да се спроведат на соодветен начин и од страна на наставници коишто се обучени за истото, рече Царовска.
СИТЕ ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ НА ОВАА ТЕМА:
-
АУДИО | Родител на средношколка од Скопје обвинува за скандалозни активности на камп: Сексуална едукација под секое ниво, децата побарале психијатриска помош
-
Обвинителство формира предмет за извидничкиот камп, деца се отпишуваат од „извидници“
-
ХЕРА со реакција: Ние не сме организатори на извидничкиот настан Sex Scouts and Rock’n’Roll
-
Родителите гневни за извидничкиот камп: Доделиле награда на девојче за „најдобри гради“ со зборовите „догодина да се видиме поголи и повесели“
-
„Слободен печат“ дознава: Обвинител дал насока во полициска станица да се викнат организаторите на кампот
-
Град Скопје по скандалот го раскина договорот со Прв извиднички одред
-
И Сојузот на извидници се огради од Прв скопски извиднички одред
-
НОВО АУДИО | Втора родителка го пријави сексуалниот камп во полиција: Син ми е згрозен од тоа што го сведочел – боење полови органи и пресликување на хамер
-
Стигнуваат сѐ повеќе пријави од родители, Обвинителството е на потег
-
УТРИНСКИ БРИФИНГ | Бојан Јовановски од ХЕРА: Она што се случило за време на кампот не е сексуално образование туку сексуално вознемирување
Извор: МИА


