Стигнуваат сѐ повеќе пријави од родители, Обвинителството е на потег

Илустрација: Извидници / Фото: Сојуз на извидници на Македонија

Факт е дека ова ќе предизвика сериозни емоционални последици, но она што загрижува е феноменот на непријавување од страна на децата. Одговорност е пред се на возрасните да создадат сигурен простор за децата можат да споделат и пријават што им се случува, велат од „Меѓаши“.

Психолозите, социолозите и родителите бараат Јавното обвинителство што побрзо да го расчисти случајот за кампот „Секс скаутс и рокенрол“, на кој преку несоодветни активности на децата им било предавано сексуално образование. Од првата детска амбасада „Меѓаши“ за „Слободен печат“ велат дека како организација која се грижи за добросостојбата и правата на децата, најостро го осудуваат овој настан.

– Бараме од институците расветлување на случајот. Бараме ЈО најитно и темелно да го расчисти случајот бидејќи постојат сериозни индиции дека станува збор за кривично дело во кое децата се жртви на манипулација и злоупотреба. Воедно ги охрабруваме дојавувачите да бидат во што поголем број за да се дознае вистината и доколку се покаже дка децата се жртви на злоуотреба и кршење на нивните права, оваа масовна злоупотреба на деца не смее да помине неказнето. Сериозноста на овој случај бара итно испитување и постапување на ЈО, МВР, како и на другите надлежни иинституции за да се заштитат децата кои се трауматизирани, велат од „Меѓаши“.

Оттаму бараат да се повикаат на одговорност организаторите, финансиерите и донаторите кои дале средства за одржување на овој настан, но и да се прашаат родителите како одобриле присуство на децата на настан и какви информации добиле претходно за истиот.

– Не знаеме дали има тенденции од други организации за вакви настани. Тоа треба да го знаат донаторите кои финансираат проекти, за што добиваат целосен извештај и увид за планот и програмата за реализација на одредена активност. Факт е дека ова ќе предизвика сериозни емоционални последици, но она што загрижува е феноменот на непријавување од страна на децата. Одговорност е пред се на возрасните да создадат сигурен простор за децата можат да споделат и пријават што им се случува, додаваат од „Меѓаши“.

Во меѓувреме, пред истражните органи се повеќе родители со своите деца пријавуваат што се случувало на кампот.

– Нам како родители само усно ни беше кажано дека ќе биде акција за сексуална едукација. Но тоа беше се, освен едукација. Син ми е згрозен од целиот настан и се што видел како машко, а камоли девојчињата. Имало многу вулгарни зборови, игри, кои не ги оправдувам и првенствено син ми беше иницијатор да пријавиме за да се крене свеста и кај другите деца, да не премолчуваат и да не ја заташкуваат работата, изјави за „Слободен печат“ мајка на средношколец која исто така го пријави настанот во полиција.

Во годишната програма на Прв скопски извиднички одред за 2019 и 2018 година година, кампот „Есенски бакнежи и прегратки“ е наведен како тековна активност. Во 2019 година активноста се одржала во Мала Река, а во во 2018 година во Градскиот парк. Но, темите на активностите во минатотото биле поинакви. Така во 2018 година, натпреварот „Пролетни бакнежи и прегратки“ бил на тема улични игри, бил наменет за извидници од 7 до 13 години во мешан состав од 4 извидници и предзадачата била рачно да се направи коцка – колку поинтересна, толку повеќе поени, со можност да биде голема, шарена или слично. За оваа година родителите не добиле ниту агенда за настанот, ниту програма, а тврдат дека тоа била вообичаена пракса за другите активности во коишто учествувале нивните деца.

Прв скопски извиднички одред, организацијата организатор на настанот не негираше дека активностите се случувале, но тврди дека децата не ги разбрале игрите, односно дека истите се сфатени надвор од контекст. По обвинителството и Народниот правобранител го истражува случајот. Оттаму отворија предмет по сопствена иницијатива. Сојузот на извидници го исклучи Првиот скопски извиднички одред од организацијата, но привремено.

ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ НА ОВАА ТЕМА:

Видео на денот