ХЕРА со реакција: Ние не сме организатори на извидничкиот настан Sex Scouts and Rock’n’Roll

Илустрација: Извидници / Фото: Архива на „Слободен печат“

Од здружението ХЕРА апелираат за итно постапување на институциите по допрен глас и за целосно расветлување и разрешување на случајот поврзан со извидничкиот настан Sex Scouts and Rock n Roll, за кој вчера беше известено во медиумите.

Според сведоштвото, учесниците на настанот, меѓу кои и малолетни лица биле дел од активности кои се недозволиви и немаат никаква врска со сексуална едукација. Информациите од родителот укажуваат на кршење на малолетнички права и на сексуално вознемирување – однесувања кои се неприфатливи и кои, доколку се утврди дека навистина се случиле, мора да се санкционираат, велат оттаму.

Како што соопштуваат тие, еден од најважните постулати на сексуалното образование е да се гарантира безбедна средина за секој учесник и да постои согласност за учество од страна на учесникот, што е уште поважно кога станува збор за малолетни лица кои немаат законска можност да дадат согласност.

Доколку се спроведува правилно, сексуалното образование треба теориски да укажува како да се заштитиме од сексуално преносливите инфекции, сексуалното вознемирување, сексуалното насилство и дискриминацијата и во никој случај не смее да опфаќа активности преку кои учесниците се злоупотребени, доведени во непријатна ситуација или наведени да прават нешто против својата волја, велат тие.

Меѓу другото, тие ги демантираат информациите кои се појавија на социјалните мрежи дека ХЕРА е организатор или поддржувач на овој настан.

Според интерните политики, во изминатите 20 години ХЕРА обезбедува едукативни и информативни материјали и средства за превенција на ХИВ, кои се бесплатни и достапни во нашите сервиси за сите поединци и организации. Оттука, се оградуваме од каква било одговорност за настани и тренинг-програми во чии подготовки и спроведување не сме учествувале, стои во нивната ракција.

Исто така, тие апелираат до сите родители и старатели во иднина, пред да дадат согласност за учество на малолетни деца во какви било активности, да побараат детална програма за активностите и информации за одговорните лица кои ќе гарантираат безбедна средина за учесниците.

СИТЕ ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ НА ОВАА ТЕМА:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот