Обвинителство формира предмет за извидничкиот камп, деца се отпишуваат од „извидници“

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Седуммина средношколци се отпишале од „извидници“ откако родител алармираше дека викендов Прв скопски извиднички одред организирал несоодветен камп со сексуална едукација која вклучувала шокантни активности меѓу кои и тоа децата да соблекуваат делови од облеката, да оставаат отпечатоци од интимни делови од телото на хамер, да се бакнуваат во стомакот, коленото, вратот и на устата, како и да сликаат сцени во природа до манастир, додека други деца симулираат сексуални пози.

Настанот за „Слободен печат“ го потврди родител на средношколка која после ваквиот камп завршила на психолошко советување.

Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ велат дека во полиција настанот е пријавен од страна на родители. Неофицијално дознаваме и дека Јавното Обвинителство отворило предмет за случајот, по што ќе бидат обавувани разговори со сите инволвирани. На кампот насловен „Секс, скаутс и рок енд рол“, присуствувале околу 40 ученици од средните училишта во Скопје, но не биле организирани преку училиштата туку преку извидничкиот одред.

Се обративме до Прв Скопски извиднички одред, организацијата организатор на настанот со прашања кој е обучувач за сексуалното образование кое го нуделе на младите, од каде добиле дозвола за нејзиното спроведување, колку време се спроведува оваа обука, како во детали изгледале активностите, дали се спроведувани повеќе години наназад и која е целта на кампот, но одговор до објавувањето на овој текст не добивме.

Требало да глумат секс пози во пар и со „клецање“ да се пукне надуван кондом. „Клецање“ е зборот што го употребиле. Друга точка било да обојат гол дел од телото и да остават отпечаток на хамер. Секој учесник морал да остави различен дел од телото. Отпечатоците биле бодувани – рака 10 поени, нога 10 поени, стомак 15 поени, задник 40, гради 60, машки полов орган 80, женски полов орган 80 бодови. Децата се соблекувале, само во нивната мала група од четири луѓе, си ги боеле половите органи и го оставале отисокот. Таа видела отисоци од машки и женски полов орган, што значи дека се соблекле, го обоиле половиот орган и го ставиле на хамер пред таа мала група малолетни деца, изјави родителот.

СИТЕ ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ НА ОВАА ТЕМА:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот