НОВО АУДИО | Втора родителка го пријави сексуалниот камп во полиција: Син ми е згрозен од тоа што го сведочел – боење полови органи и пресликување на хамер

извидници
Илустрација: Извидници / Фото: Сојуз на извидници на Македонија

Се повеќе родители во полициска станица го пријавуваат скандалозниот камп за сексуална едукација каде имало активности после кои децата побарале психолошка помош.

Кампот бил организиран од Прв скопски извиднички одред од каде вчера во соопштение не негираа дека активностите се случувале но рекоа дека истите се ,,сфатени надвор од контекст”.

-Нас како родители само усно ни беше кажано дека ќе биде акција за сексуална едукација. Но тоа беше се освен едукација. Син ми е згрозен од целиот настан и се што видел како машко, а камоли девојчињата. Имало многу вулгарни зборови, игри, кои не ги оправдувам и првенствено син ми беше иницијатор да пријавиме за да се крене свеста и кај другите деца, да не премолчуваат и да не ја заташкуваат работата, рече меѓу другото мајката во изјавата.

Нејзината изјава за „Слободен печат“ со нејзина согласност ја објавуваме во продолжение.

Генералиите на родителката се познати на редакцијата и нема да бидат објавени со цел да се заштити идентитетот на малолетникот.

СИТЕ ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ НА ОВАА ТЕМА:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот