И Народниот правобранител ќе го истражува случајот со извидничкиот секс-камп за малолетници

Седиштето на Првиот скопски извиднички одред / фото: ТВ24/принтскрин

По Обвинителството, кое оформи предмет и го истражува скандалозниот извиднички камп кај скопско Градовци, каде биле организирани несоодветни активности со сексуална содржина во кои учествувале деца, и канцеларијата на Народниот правобранител се заинтересира за случајот и отвори предмет по сопствена иницијатива.

Во случајот, кој го објави „Слободен печат“, родители на извидници реагираа откако нивните деца им кажале дека на настанот насловен „Секс, скаутс енд рокенрол“, одржан минатата недела, 16-годишните учесници биле наведувани на игри и активности со сексуална содржина – меѓу другото ги терале да се соблекуваат, да ги бојат половите органи и да оставаат отпечатоци од нив на хамер, да симулираат секс…

Вчера, по два дена молк, се огласија и организаторите на настанот, Првиот скопски извиднички одред, велејќи дека настанот „не бил манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување“, како и дека активностите на кампот биле погрешно протолкувани во јавноста.

Имајќи ја предвид сензитивноста на целиот случај, Народниот правобранител без да добие претставка, на своја иницијатива веќе отворил предмет за настанот.

„Факт е дека се работи за ученици, за деца коишто согласно конвенцијата за правата на детето и согласно законската регулатива треба да бидат заштитени од било каква злоупотреба особено кога се работи за деца на чувствителна возраст и за коишто треба особено внимание што сепак го отвара прашањето за вклучување на други органи во конкретниот случај заради обезбедување на соодветна поддршка за надминување на евентуалните трауми“ вели во изјава за „Телма“ Вваска Бајрамовска-Мустафа, заменик на Народниот правобранител.

За случајот реагираше и Детската амбасада „Меѓаши“, од каде извидничкиот камп го нарекоа масовна злоупотреба на деца и побараа надлежните да ги казнат одговорните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот