Бродот на грчкиот „Пабло Ескобар“ е фатен со седум тони кокаин: дилерите шверцувале дрога од Венецуела во Европа

Грчките власти заплениле голема количина кокаин, која полицијата ја проценува на дури седум тони, на рибарски брод под грчко управување, дознава „Катимерини“.

Истрагата ја спровела грчката Служба за борба против дрога во соработка со американската Агенција за борба против дрога (ДЕА).

Според извори, бродот испловил од пристаништето Неа Миханиона, во близина на Солун, во северна Грција, а се верува дека натоварил значителна пратка дроги во морската зона кај Венецуела, пред да тргне кон Европа. Крајната дестинација на товарот засега не е позната.

Досега се уапсени петмина во Грција, во градовите Катерини, Тива и Атина. Уште пет луѓе, кои се наоѓале на бродот, исто така, се приведени.

Балкански мафијаши оделе кај Пабло Ескобар уште пред 30 години: Како наркокартелите во регионот станаа главен играч во шверцот на дрога низ Европа?

Наводниот организатор на операцијата, за кој се наведува дека е сопственик на бродот и е нарекуван „грчкиот Ескобар“, е добро познат на грчките власти. Тој бил пуштен на слобода претходно годинава, откако издржал 11 години од изречената затворска казна од 22 години, откако во 2004 година бил осуден за улогата во транспортот на 5,5 тони кокаин на рибарскиот брод „Африка 1“.

Француската морнарица во изминатите два дена го влече бродот од Атлантскиот Океан, како поддршка на операцијата.

Се очекува пловилото да пристигне во пристаништето Пиреја, каде што дрогата ќе биде пребројана, а петтемината приведени на бродот ќе бидат предадени на грчките власти.

Засега нема дополнителни детали за операцијата.

Картелите шверцуваат кокаин во Европа преку бродови полни со добиток

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот