Картелите шверцуваат кокаин во Европа преку бродови полни со добиток
Нарко-картелите шверцуваат големи количини кокаин во Европа користејќи бродови што се користат за транспорт на добиток, соопштија извори од Европската заедничка оперативна група MAOЦ – Н.
Препорачано
Според изворите, бродовите, долги околу 200 метри, честопати стари повеќе од 50 години, транспортираат илјадници крави или овци од Јужна Америка до пристаништата во Либан и Египет, но главниот товар, кокаин, завршува во пристаништата Антверпен и Ротердам, пишува Телеграф.
Пакетите со дрога се скриени во силоси за храна и други скриени делови од бродовите, а потоа се фрлаат во морето за да бидат подигнати од помали моторни чамци.
MAOЦ – Н предупредува дека смрдеата и нехигиенските услови ја отежнуваат инспекцијата на овие бродови – кучињата трагачи не можат ефикасно да детектираат дрога бидејќи се одбиваат од одвратните мириси на добитокот, а националната полиција ретко презема ризик да инспектира големи бродови.
Минатата година, шпанската полиција заплени 4,5 тони кокаин, во вредност од околу 95 милиони евра, на Орион В југозападно од Канарските Острови, додека австралиската полиција во ноември спречи обид за шверц на кокаин во вредност од 97 милиони евра од брод за овци.
MAOЦ – Н истакнува дека картелите се добро запознаени со слабостите на системот и дека методот на транспорт на дрога преку бродови за добиток е ефикасен, што им отежнува на европските власти да се борат против шверцот.


