Британскиот министер за здравство предупредува: Индискиот сој е 40% позаразен од британскиот

Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Британскиот министер за здравство, Мет Хeнкок, изјави дека индискиот сој на вирусот ковид-19, или како што сега го нарекуваат, „делта варијанта“, е за 40% позаразен од британскиот сој.

Тоа е можен причинител за понатамошно продолжување на мерките во Британија, кои имаа во план од 21 Јуни комплетно да ги олабават мерките. Според Гардијан, одлуката за олабавувањето на мерките ќе се донесе до крајот на неделава.

,,Поради делта варијантата сега е многу потешко да се контролира вирусот, но најважно е по двете дози на вакцини да сме безбедни како и од минатиот сој. Добра вест е дека вакцините се подеднакво корисни и за овој вид на вирусот.“ кажа Хeнкок.

Пациент со ваквиот индиски сој беше хоспитализиран во една од нашите приватни болници, кога минатата недела се вратил во државата од Ирак.

Пациент со индиски сој на вирусот ковид-19 е хоспитализиран во наша приватна болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот