Пациент со индиски сој на вирусот ковид-19 е хоспитализиран во наша приватна болница
Индиски сој на вирусот СарсКов2 е откриен кај пациент вратен од Ирак кој минатата недела е хоспитализиран во приватна болница. Тој претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран, кога се вратил во земјава.
Препорачано
Бил пренесен со посебно санитетско возило во болницата. Неговата состојба е стабилна и не претставува знак за ризик.
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на ГККШ предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територија на цела држава.
Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови.
Епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на териториј на цела држава. На КИБФС за прв пат од почетокот на пандемијата, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии. Според последната епидемиолошка анализа нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани.


