Британците во шок – Од денес им се забранети интимните односи, освен во овие услови

profimedia

Сексот во вашата куќа со некој од друга куќа е илегален во Велика Британија, откако владата вовела нови мерки на карантин за да ги спречи луѓето од одвоени домаќинства да се собираат меѓусебно во приватни простории, пишува “Mirror”.

Досега важело правилото дека лицето кое посетува нечија куќа поради секс го крши правилото за карантин, но според новите правила претставени во британскиот парламент во понеделникот, сега двете лица го кршат законот.

Новиот закон исклучиво забранува престој во куќа на повеќе од едно лице без разумен повод, а оние кои го имаат тој изговор се професионални спортисти, ожалостени, ранливи лица кои сакаат да избегнат ризик од насилство, негуватели и луѓе кои имаат неизбежни работни обврски.

Што се однесува до овластените кои се собираат поради погреби, според правилата можат да останат во текот на ноќта за да присуствуваат на последното збогување ако се членови на домаќинството на починатиот или блиски пријатели на неговото семејство. Спортистите можат да присуствуваат на друга локација, надвор од својот дом, ако тренираат поради натпреварување, а тоа се однесува на врвни атлети или тренери.

profimedia

Останатите кои се изземени од новите правила се оние кои се селат и луѓето на кои им е потребна медицинска помош.

Во Британија дошло до шокантен пораст на насилства во семејствата во текот на карантинот поради епидемијата на коронавирусот и новите мерки тоа го земале во предвид, дозволувајќи лице да преспие во друга куќа доколку бега од ризик. Владата ветила дека ќе ги разгледа правилата кои се однесуваат на клинички екстремно загрозените делови на населението во рамките на разгледувањето на мерките за социјално дистанцирање за пошироката популација.

“Mirror” наведува дека повеќе од два милиони луѓе во Англија се сами во изолација и дека многумина се чувствуваат заборавени. Добротворните организации побарале од владата јавно да објави доказ на кој е заснована промената на правилата на карантинот, наведувајќи дека дошла како гром од ведро небо и дека дава впечаток дека заштитените групации на населението не се високо на листата на приоритети.

Следно разгледување на мерките за заштита ќе се одржи за две недели.

Новиот закон, претставен денеска во 11:30, а кој не минал во Парламентот, ќе ги олесни големите рестрикции на човековата слобода во Англија. Промените ќе овозможат собирање до шест луѓе во јавност, со држење на физичка дистанца.

FOTO: FACUNDO ARRIZABALAGA / EPA;

Меѓутоа, начинот на кој законот е составен значи дека сексот меѓу две возрасни лица од различни домаќинства е забранет дури и во вашата куќа, за прв пат. Секако, законот не вели дека експлицитно забранува секс, но вели дека никој не може да учествува на собири во затворен простор за две или повеќе лица.

Ова е голема промена во однос на претходното правило со фокус на собирања на јавни места. Законот го дефинира собирањето како “две или повеќе лица заедно присутни на исто место за да вршат било каков облик на меѓусебна социјална интеракција, или било какви други активности”.

Секој што ќе ги прекрши новите правила може да биде казнет со 100 фунти, односно 50 доколку плати во рок од 14 дена. Повеќекратните прекршувачи може да добијат двојни поголема казна за секој нареден прекршок, најмногу до 3.200 фунти.

Но, како што заклучува “Mirror”, малку е веројатно дека полицијата ќе ги гони и казнува паровите поради секс во приватни куќи. Технички, сепак, тоа е возможно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот