Браќата во одбрана на Јокиќ: Морис, ако продолжиш вака, да знаеш дека ќе те начекаме!

После инцидентот на мечот Денвер - Мајами, продолжи „војната“ на Твитер/Фото: Youtube/Принтскрин/MLG Highlights

Никола Јокиќ го удри, истурка Маркиф Морис на натпреварот од НБА лигата помеѓу Денвер и Мајами, а страстите и натаму не се смируваат.

Најпрвин кошаркарот на Хитси неспортски го фаулираше српскиот центар на Нагетси, а потоа следуваше реванш од Јокиќ.

Бурно се реагираше, особено од страна на играчите на Мајами предводени од Џими Батлер кој дури повикуваше на тепачка со Јокиќ.

Но, Србинот на трибините, како и секогаш, ја има поддршката од своите браќа Страхиња и Немања и влегоа во „твитер војна“ со братот на братот на Маркиф, Маркус Морис кој веднаш се огласи по мечот.

Чекаше додека брат ми да се сврти со грбот – објави Маркус Морис.

Еве ја и контра пораката на браќата Јокиќ:

– Треба да оставиш вака како што е наместо јавно што му се закануваш на нашиот брат. Брат ти прв направи валкан потег. Ако сакаш да го продолжиш вака, биди сигурен дека ќе те начекаме – напишаа браќата на Никола Јокиќ.

Исто така се огласи и Маркиф Морис на Твитер со следната објава:

– Сакам да гледам омраза. Несомнено, направив тежок фаул, што често го правам, но никогаш не сум удрил човек од зад грб. За среќа, поинаку сме воспитани. Можам да го преболам и да продолжам понатаму – напиша Морис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот