ВИДЕО: Јокиќ против Мајами го упропасти маестралниот „трипл-дабл“

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“) им правеше огромни проблеми на играчите на Мајами хит/ фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Доцна синоќа во НБА лигата составот на Денвер нагетс триумфираше на домашен терен против Мајами хит со резултат 113:96.

Еден од најдобрите играчи во редовите на Нагетси, Никола Јокиќ го одигра досега можеби најдобриот меч сезонава, но истиот остана во сенка поради неговиот непримерен потег.

Српскиот центар против „жешките“ имаше „трипл-дабл“ учинок од 25 поени, 15 скокови и 10 асистенции.

Токму Јокиќ им правеше огромни проблеми на играчите на Мајами и во одбраната го ограничи центарот на Хитси, Бем Адебајо на 3/10 реализација од игра и само 10 поени.

Тоа ги фрустрираше гостите, во чии редови Маркиф Морис непотребно реагираше и го испровоцира Јокиќ на крајот од мечот, а српскиот кошаркар не можеше да ги контролира емоциите, и со сета сила го удри и истурка противничкиот играч.

На Јокиќ му се заканува најмалку еден меч суспензија, после натпреварот изјави дека не требаше така да реагира:

– Тоа беше глупав потег. Се чувствувам лошо. Тоа беше валкан потег и сакав да се заштитам, но не требаше да реагирам на ваков начин. Се случува. Не требаше да реагирам навистина така, но морам да се заштитам и тоа беше само момент на реакција и адреналин – рече Јокиќ.

Поефикасен од неговите тимски колеги беше само Вил Бартон со 25 поени, а на спротивната страна Џими Батлер запиша 31 кош (осум асистенции).

НБА лига, резултати –

ЛА Лејкерс – Шарлот 126:123, 115:115 (после 1. продолжение)
Сакраменто – Феникс 104:109
Голден Стејт – Атланта 127:113
Денвер – Мајами 113:96
Далас – Њу Орлеанс 108:92
Мемфис – Минесота 125:118, 113:113 (после 1. продолжение
Чикаго – Бруклин 118:95
Филаделфија – Њујорк 96:103

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот