Босанскиот ракометен талент Алем Хаџиќ потпиша за РК Еурофарм Пелистер
Како што соопштува ракометниот клуб Коњух од Босна и Херцеговина еден од најталентираните ракометари на таа земја Алем Хаџиќ ќе го засили РК Еурофарм Пелистер.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Кадетскиот репрезентативец на БиХ Хаџиќ кој има 16 години потпиша за македонскиот шампион.
– Пред неколку години зборувавме и пишувавме за златната генерација на РК Коњух, за со таков пристап да ги поттикнеме момците кои напорно работеа да бидат најдобри. Така станаа.
Тие влегоа во историјата на ракометот на БиХ освојувајќи ја шампионската титула на Босна и Херцеговина три пати по ред во својата генерација.
Во вакви фантастични сезони, Алем Хаџиќ беше капитен на својот тим, тим од златни момчиња за кои повторно ќе се слуша. Хаџиќ трипати по ред беше најдобар стрелец во регуларниот дел од шампионатот и двапати МВП на финалето. Упорноста, посветеноста, победничкиот менталитет се исплатеа – стои во дел од објавата на РК Коњух.
Моментно РК Еурофарм Пелистер се подготвува за новата сезона, одигра пријателски натпревар против вториот тим на Еурофарм Пелистер, „постарите“ го добија овој меч со 33:21 во спортската сала „Боро Чурлевски“ – Битола.


