Борис Бекер ги открива следните големи предизвикувачи на доминацијата на Алкараз и Синер
Карлос Алкараз и Јаник Синер се доминантни фигури на тениската сцена, со добри темели што ќе останат такви до крајот на сезоната, како и во наредните години. Доминацијата што трае со години е причината зошто навивачите се цврсто убедени дека остатокот од годината ќе им припадне, а веројатно и следната сезона.
Препорачано
Трката за водечката позиција ќе трае во текот на целата сезона, а моментно Италијанецот Синер е на самиот врв, иако Шпанецот Алкараз ја држеше водечката позиција со месеци.
Веднаш се поставува прашањето дали некој може да стане предизвикувач за Синер и Алкараз.
Тениската легенда Борис Бекер разговараше за „Тенис 365“ за моменталната состојба во светот на тенисот, споменувајќи имиња кои би можеле да создадат проблеми за водечкото дуо.
– Сè уште сум особено заинтересиран да ги следам помладите играчи. Навистина ми се допаѓа враќањето на Артур Фис откако беше повреден подолго време минатата година. Ми се допаѓа како игра оваа година. Финале во Доха, полуфинале во Мајами. На 21 година, ако остане во добра физичка форма, мислам дека може да ги предизвика Алкараз и Синер за грен слем титула во иднина. Само треба да избегне понатамошни повреди и да продолжи вака. Потоа, Лернер Тиен, кој има 20 години и многу брзо напредува. Фактот дека Мајкл Ченг (екс шампион на Ролан Гарос, и двапати финалист на Австралија опен и САД опен) се согласи да го тренира зборува многу. Со него, тој ќе напредува уште повеќе. Тука е и Жоао Фонсека, кој имаше неколку добри турнири, но мислам дека неговата иднина е уште посветла. Сите овие играчи сè уште треба да ја усовршат својата игра. Тие треба да бидат тука кога навистина е важно. Не само на тренинг или во четвртфиналето на секој турнир – се зборовите на Бекер.


