Бонер: Не знам многу за Хрватска или Германија, но се надевам дека ќе победиме!

Фото: kfsm.mk

По две години „чекање“, одличната кошаркарка од САД, Девана Бонер, конечно во „црвено-жолтиот“ дрес на македонската женска сениорска репрезентација.

Кошаркарката на Конектикат Сан ќе игра за нашата селекција во овој ноемвриски „прозорец“ на ФИБА, односно турнирот кој во текот на оваа седмица ќе се одржи во Рига, Летонија.

Оваа 33 годишна кошаркарка ја има зад себе веројатно и една од најдобрите сезони во својата долга кариера во ВНБА (WNBA) лигата. Важи за трет стрелец во најквалитетната женска кошаркарска лига на светот. Сезоната ја заврши со просек од 19.7 поени по натпревар. Шести „крадец“ е во лигата, затоа што во просек освојува по 1.68 топки по меч, а во исто време и десетти скокач, доколку се знае дека во просек има по 7.8 скока по натпревар.

Двапати беше прогласувана и за играч на неделата во Источната конференџија на ВНБА лигата во гласањето на сите тренери во оваа конкуренција.

– Сигурно е дека ќе бидам малку заморена. Но, имав неколку тренинзи со тимот, прво во Охрид, сега и тука во Рига, па се надевам дека тоа ќе помогне да бидам подготвена за натпреварите – вели нашиот најсилен адут во овие квалификации.

Кошаркарките во Рига против Хрватска и Германија

Нејзините први впечатоци по доаѓањето во Македонија..

– Ова е првпат да се сретнам со тимот и со тренерите. Но сакам да истакнам дека сите се навистина пријатни и со нетрпение очекувам да дознаам уште повеќе за нив. Девојките се навистина млади! Тие работат навистина напорно и сакаат да бидат подобри и да победат. Среќна сум што сум со нив во тимот – објаснува секогаш расположената Американка.

Хрватска и Германија се нашите противници во евроквалификациите на турнирот во Рига. Еве ги нејзините очекувања..

– Искрено, не знам многу за Хрватска или Германија. Но се надеваме дека можеме да се натпреваруваме со нив и да победиме – секогаш звучи оптимистички двократната шампионка во ВНБА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот