6.8 C
Скопје

Кошаркарките во Рига против Хрватска и Германија

Според планираното, сениорската македонска женска репрезентација и стручниот тим, по вчерашните прегледи и задолжителното ПЦР тестирање од ковид-19 кое беше реализирано во Клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, од денеска се во Охрид.

На пат за Охрид утринава, тргнаа: Нена Трајчевска, Матеа Николиќ, Ивана Кметовска, Ивона Пејковска, Сандра Лазареска, Драгана Јоловиќ, Сања Адамовска, Јована Петрушевска, Габриела Модева, Марија Димитријевиќ, Цветанка Димова.

Поради клупски обврски, нешто подоцна во составот ќе бидат уште Анџелика Митрашиновиќ и Софија Лазареска. Нашиот најголем адут во квалификацискиот циклус, Девана Бонер треба да пристигне во Охрид на 5 ноември, и максимално подготвена, како што се најавите од САД, веднаш да им се приклучи на своите репрезентативни колешки.

Пред селекторот Владимир Ѓоровиќ и неговите избранички се нови два квалификациски натпревари за пласман на наредното Европско првенство 2021 кое ќе се одржи во Шпанија и Франција.

Поради пандемијата на коронавирус наредните два меча сениорките ќе ги играат во т.н. „балон“ во главниот град на Летонија, Рига, во периодот од 12-14 ноември. Првиот дуел е против Хрватките од 15.30 часот, а од истиот термин на вториот натпреварувачки ден ќе ги одмериме силите против Германија.

Потсетување во првите две средби нашите најдобри кошаркарки во рамките од квалификациската група „И“ загубија во Нордлинген од Германките со 105:40, а во Скопје исто така беа убедливо надиграни од Летонија со 39:98. Моментно на табелата води Хрватска со четири бода, по три имаат Германија и Летонија, а последна е Македонија со два.

Поврзани вести

Кои се најпознатите прекари на фудбалерите: Трактор, психо, пирана, пират….

Слободен печат

Челси му се реваншира на Лестер за поразот во ФА Купот и го остави да виси за ЛШ

Слободен печат

Црвена звезда на чекор до титулата во АБА лигата, неверојатен натпревар во Белград

Слободен печат

Официјално: Бензема по шест години повторно во француската репрезентација

Слободен печат

ЕСПН ќе снима документарец за најомилениот кошаркар во НБА, „џинот“ Бобан Марјановиќ

Слободен печат

ВИДЕО: Голчиштето на Кавани недоволно за победа на Јунајтед, нов триумф за Алиоски и Лидс

Слободен печат

Остави Коментар