Боксерската легенда Џорџ Форман обвинет за силување на две жени

EPA/CHRISTIAN CHARISIUS

Две жени поднеле тужби против Џорџ Форман, тврдејќи дека ги завел и ги силувал кога биле девојчиња. Наводните силувања се случиле во 70-тите години од минатиот век

Боксерската легенда, тешкашот Џорџ Форман (73), се соочува со две тужби во врска со наводи за сексуален напад од 1970-тите. Обвинет е за заведување и силување на две девојчиња. Тужбите биле поднесени во Врховниот суд на Лос Анџелес во средата од две лица под псевдонимите Гвен Х. и Дениз Ф.

И двете жени, сега во раните шеесетти, тврдат дека го запознале професионалниот боксер кога биле деца преку нивните татковци, кои му биле соработници.

Дениз вели дека Форман имал секс со неа под законската старосна граница од 15 години, што значи дека тоа би се сметало за силување. Гвен, од Невада, тврди дека Форман ја запознал кога имала девет години и сексуално ја злоставувал и силувал кога имала 15 и 16 години.

Оваа тужба сугерира и уцена, затоа што Форман наводно изјавил дека таткото на Гвен ќе ја изгуби работата доколку таа му каже што се случило.

Боксерот тврди дека овие тужби се изнуда и се неосновани.

– Во текот на изминатите шест месеци, две жени се обидуваа да изнудат милиони долари од мене и од моето семејство. Не барам судири, но ниту бегам од нив, се вели во соопштението на Форман.

Пред да стане еден од најпознатите професионални боксери во светот, Форман во 1968 година стана олимписки шампион. Како професионалц тој го победи Џо Фрејзер и стана светски шампион во 1973 година, пред да загуби од Мухамед Али една година подоцна во Киншаса, со што се прекина неговата серија од 40 победи.

Форман ја заврши професионалната кариера со скор од 76-5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот