Богатата наследничка во долгови: Тамара во 2020 година загубила милиони!

Фото: Профимедиа

Козметичката компанија на популарната богаташка не работи добро во последно време…

Имено, како што пренесуваат странските медиуми, богатата наследничка Тамара Еклстон во една година загубила речиси 23 милиони фунти.

Ќерката на милијардерот Берни Еклстон, е главниот акционер на компанијата „SBD International Ltd“, чија вредност се проценува на вртоглави 215 милиони фунти.

И покрај огромните загуби, акционерите се сложија да и дадат финансиска помош во наредната година.

Фото: Профимедиа

Луксузниот асортиман на компанијата во продажба има скапоцени производи, како што е шишенцето со масло украсено со скапоцени камења, кое чини 155 фунти. Компанијата е основана во 2010 година под името „Tamara Ecclestone Brands Ltd“, но по 4 години таа го промени името.

Тамара поднесе оставка на местото директор на компанијата, но и понатака во своја сопственост има 75 проценти од акциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот