Блокирани проекти на ЕУ: Енергетската мрежа е застарена, потрошени се пари и време
Повеќе од 1.700 гигавати проекти за обновлива енергија во 16 европски земји чекаат да бидат поврзани со електричната мрежа – повеќе од три пати од капацитетот потребен за исполнување на целите на ЕУ за 2030 година, објави „Еуроњуз“. Новата анализа на „Бијонд фосил фјуелс“, „E3Џ“, „Eмбер“ и Институтот за енергетска економија и финансиска анализа покажува дека европските мрежи не одат во чекор со зелената транзиција.
Препорачано
Со оглед на тоа што ЕУ неодамна презентираше план за целосно укинување на руските фосилни горива до 2027 година, модернизацијата на електроенергетските мрежи станува неопходна за замена на овие извори со домашна зелена енергија. Анкета спроведена на 32 оператори на преносни системи во 28 земји покажува дека многумина сè уште планираат врз основа на застарени цели и претпоставки.
„Владите треба итно да ги отстранат овие „дебели чепови“ од системите за планирање за да можат операторите да вклучат обновливи извори на енергија“, вели Џулиет Филипс од „БФФ“. Филипс, исто така, истакнува дека давањето мандат за климатските промени на операторите на мрежите би можело да поттикне долгорочни инвестиции и одлуки потребни за енергетската безбедност. Тоа е единствениот начин да се ослободиме од увозот на фосилни горива, да ги намалиме сметките и емисиите“, рече Филипс, пренесува Н1 Хрватска.


