Бизнис конфедeрација: Рано е да кажеме дека ги надминавме проблемите

Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија / Фото: Утрински брифинг

Олеснувањето и укинувањето на рестрикциите ќе донесат заживување на економската дејност во сите гранки, но рано e да кажеме дека проблемите се решени, оценува Миле Бошков, претседател на Бизнис-конфедерција.

– Уште е рано да можеме да кажеме дека сме ги надминале проблемите што се создадоа со пандемијата. Но би сакал да кажам дека пандемијата беше „добредојдена“ за дел од вработените, како на пример во земјоделство, градежништво и во некои други сектори каде имаше неформални вработувања, па сега, за да се искористат мерките, работодавчите вработија околу 6.000 луѓе што работеа на црно, Тоа создаде една поинаква слика на пазарот на труд и би кажал ги зацврсти овие вработувања. Но, како и пред пандемијата, така и сега, народот секогаш ќе бара шанса да работи поплатено и за подобри услови. Сега, со повторна побарувачка на наша работна сила во странство, се актуелизира потребата од квалификувани работници кои се во постојан недостиг – вели Бошков во изјава за „Слободен печат“.

Тој смета дека навиките на потрошувачите се веќе сменети, дека пандемијата ни ја одржа лекцијата дека најважно е здравјето и дека граѓаните повеќе се свртуваат кон подобра здравствена заштита и поздрав живот, отколку кон некои навики што порано ги имале, на пример, во однос на купување на облека. Тие нови навики, вели Бошков, ќе влијаат и врз работењето на многу фирми, а тоа ќе ја диктира и нивната ликвидност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот