Битолчанецот кој се отру во кафуле е стабилен, но лекарите стравуваат дека состојбата може да му се влоши

Фото: Peter Griffin

Засега во стабилна состојба е битолчанецот кој испил корозивно средство што му било дадено наместо минерална вода во кафуле. Тој трет ден е на Клиниката за Токсикологија, а лекарите будно ја следат неговата состојба.

Како што рече денеска директорот на клиниката, Ридван Бајрами, пациентот бил примен во тешка состојба. Тој додаде дека постои можност состојбата да му се влоши.

-Направени се ендоскопски испитувања кои покажаа дека горниот дигестивен тракт е оштетен. Ќе видиме наредните денови како ќе се одвиваат работите, бидејќи тоа е патологија која се развива. Оштетувањето не е акутно, туку се развива – рече директорот.

Од клиниката велат дека засега пациентот е со стабилни витални параметри. Тој се жали на болка, но докторите велат дека во такви ситуации болката е нормална. Прима терапија за корозивна интоксикација и се чекаат резултатите од Институтот за судска медицина каде се вршат испитувања.

Битолчанецот се затру кога испил раствор за машинско перење на садови во кафуле, откако побарал чаша кисела вода.

„Се напив една голтка и веднаш осетив дека не е вода“: Пациент отруен со корозивно средство примен на Tоксикологија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот