„Се напив една голтка и веднаш осетив дека не е вода“: Пациент отруен со корозивно средство примен на Tоксикологија

Клиника за токсикологија и ургентна интерна медицина
Клиника за токсикологија и ургентна интерна медицина / Фото: Архива на „Слободен печат“

Доктор Ридван Бајрами, директор на Клиниката за токсикологија за „Слободен печат“ потврдува дека во болницата пред два дена примиле пациент од Битола, кој кажал дека го отруле во кафуле откако нарачал кисела вода и се напил само една голтка.

Директорот Бајрами е дециден дека лекарите не се ни полицајци ни обвинители за да ја утврдуваат вистинитоста на изјавата на пациентот кого го примиле, но дека дефинитивно во болницата е откриено со анализи, дека пациентот имал во својот организам корозивно средство. Дефинитивно е и дека пациентот на возраст од над 40 години дал изјава во болница, дека почнале да му горат внатрешните органи откако се напил од „водата“.

-Вели „се напив една голтка и осетив дека не е вода“. Интоксикација со корозивно средство има пациeнтот. Не знаеме како е дојдено до тоа, но таква изјава дава, дека бил во кафуле и кога ја отворил водата, од првата голтка почувствувал дека тоа не е вода. Полицијата и обвинителството се известени, ние не можеме да ја утврдиме вистинитоста на тоа што го кажува, но пациентот дава таква информација. Во системот има корозивно средство, почнати се испитувања, пациентот е на опсервација. Со овие средства, последиците се чувствуваат подоцна, така што мора да се набљудува. Може како последица да се јави стеснување на хранопроводникот и на желудникот, но се ќе зависи во која фаза е, изјави за „Слободен печат“ доктор Бајрами.

Од Клиниката за токсикологија попладнето потврдија дека се работи за труење со калиум и натриум хидроксид, чијшто двопроцентен раствор се користи како средство за миење садови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот