Се знае со што бил отруен битолчанецот кој нарачал чаша кисела вода во познат локал
Ж.Н.
Пред
Фото: Peter Griffin
42-годишниот човек, кој два дена се лекува на Клиниката за токсикологија откако нарачал чаша кисела вода во познат угостителски објект во Битола, е отруен со корозивно средство, а според „Канал 5“, од Клиниката потврдиле дека се работи за средство за миење садови.
Тој бил отруен со концентриран калиум и натриум хидроксид, чијшто двопроцентен раствор се користи за машинско миење на садови.
На битолчанецот му е оштетен хранопроводот и желудникот. Тој прво побарал помош во битолската болница, но поради тежината на состојбата бил префрлен во Скопје.
Доктор Ридван Бајрами, директор на Клиниката за токсикологија, претходно денеска за „Слободен печат“ потврди дека пред два дена примиле пациент од Битола, кој кажал дека го отруле во кафуле откако нарачал кисела вода и се напил само една голтка.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Премиерот Димитар Ковачевски во наредните 10 дена ќе има набиена агенда од состаноци со лидерите на опозициските, но и на владејачките партии, на кои ќе ја презентира Предлог-иницијативата за уставни измени, подготвена од работната група, и на кои ќе бара двотретинска поддршка за отворање на Уставот, брифира за „Слободен печат“ висок функционер од власта. Добиј …
За едно општество да има развој и раст е потребно да се развиваат здравството, образованието и социјалната политика, а основен и неопходен услов е развојот на индустријата. Македонија е средно развиена држава и со политиката на развојот на технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) има шанса да го подобри квалитетот на животот на граѓаните, да ја …