Фото: Pickpik.com

Битолчанец мислел дека вложува во криптовалути, измамник му однел 5.500 евра

32-годишен битолчанец останал без повеќе од 5.500 евра откако му дозволил пристап до компјутерот на непознат човек, за кого мислел дека ќе му продаде криптовалута, соопшти МВР.

„На 12.03.2026 во 13:00 часот во СВР Битола 32-годишен маж од Битола пријави дека во периодот од 19.01.2026 до 13.02.2026 преку електронска пошта воспоставил комуникација со лице кое се претставило како директор на компанија што тргува со криптовалути и истиот го довел пријавителот во заблуда, при што му дозволил пристап до неговиот компјутер и во повеќе наврати му префрлил вкупно 340.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

15-годишен чирак во арачиновска берберница го нападнал со остар предмет 14-годишниот син на газдата, исто така чирак во дуќанот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот